Градежни лепила

Се прикажуваат сите 6 резултати

  • SPEKTRO kol Extra

    Оценето 0 од 5

    Примена

    Бело еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е за внатрешно и надворешно вградување на керамички и порцелански плочки со мозаични, мали и средни димензии на ѕид и под, тераси, тремови и балкони, дворни патеки, фасади до втор кат, во простории подложни на влага и зголемено оптоварување, како на пример ресторани, мензи, работилници, подруми, итн.

    Подготовка

    SPEKTROkol Extra се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и плочките на која се нанесува мора да бидат рамни, цврсти, чисти и навлажнети со вода пред нанесување на лепилото. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.

    Вградување

    SPEKTROkol Extra се нанесува со челична рамна или назабена глетарица. Искористете ја подготвената смеса во рок од 4 часа. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROpol Standard се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic.

    Потрошувачка

    3-5кг/м2 зависно од видот на подлогата.

    Пакување

    Натрон вреќа од 25кг.

    Складирање

    Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

    Рок на употреба

    12 месеци од датата втисната на пакувањето.

  • SPEKTRO kol Fix

    Оценето 0 од 5

    Примена

    Бело еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е, како дел од системи за фасадна или внатрешна термоизолација, за вградување на термоизолациони плочи од екструдиран полистирен (Стиропор), вклучувајќи и тврдопресуван Стиродур и стиропор обогатен со графит, тврдопресувани тервол плочи, и за вградување на пластична армирачка (рабиц) мрежа како подлога за завршниот слој на фасада. Подлогата може да биде од тули, бетон, гас-бетон, малтер итн.

    Подготовка

    Sprektokol Fix се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и елементите за вградување треба да се чисти, суви, цврсти и обезмастени. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.

    Вградување

    SPEKTROkol Fix се нанесува со рамна глетарица во дебелина од 2см на рабовите и попречно на две места во средина, на страната од термоизолациониот елемент која ќе биде во контакт со подлогата. Искористете ја подготвената смеса во рок од 4 часа. На крај подготвениот елемент се фиксира на подлогата и се зацврстува со типли за стиропор. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер, или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROkol Fix се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic. Армирачката мрежа се одмотува и се вградува врз слој од SPEKTROkol Fix, кој е претходно нанесен врз слојот од термоизолациони елементи. Потоа се нанесува уште еден слој од смесата врз мрежата. Вториот слој мора да е израмнет и мазен согласно со карактеристиките и потребите за подлога на завршниот (украсен) слој на фасадата.

    Потрошувачка

    7-10кг/м2 фасада, за вградување термоизолациони елементи и два слоја за вградување армирачка мрежа.

    Пакување 

    Натрон вреќа од 25кг.

    Складирање

    Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

    Рок на употреба

    12 месеци од датата втисната на пакувањето.

  • SPEKTRO kol Flexi

    Оценето 0 од 5

    Примена

    Бело еднокомпонентно високоеластично водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и специјално одбрани адитиви. Наменето е за внатрешно и надворешно вградување на керамички и порцелански плочки од големи димензии на ѕид и под, обликувани природни и композитни елементи од камен, теракота и бетон, лепење плочка на плочка, поплочување на бањи, отворени тераси, дворни патеки, базени, фонтани, како и вградување плочки на места каде што има вградено подно греење.

    Подготовка

    SPEKTROkol Flexi се користи на температури од +5оС до +35оС. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.

    Вградување

    SPEKTROkol Flexi се нанесува со челична рамна или назабена глетарица. Време на обработливост (отворено време) е 4 до 6 часа на 20оС. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROkol Flexi се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic.

    Потрошувачка

    4-5кг/м2 зависно од видот на подлогата.

    Пакување

    Натрон вреЌа од 25кг.

    Складирање

    Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

    Рок на употреба 

    12 месеци од датата втисната на пакувањето.

  • SPEKTRO kol Standard

    Оценето 0 од 5

    Примена

    Бело еднокомпонентно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е за внатрешно вградување на керамички плочки на ѕид и под.

    Подготовка

    SPEKTROkol Standard се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и плочките на која се нанесува мора да бидат рамни, цврсти, чисти и навлажнети со вода пред нанесување на лепилото. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.

    Вградување

    SPEKTROkol Standard се нанесува со челична рамна или назабена глетарица. Искористете ја подготвената смеса во рок од 4 часа. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROkol Standard се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic.

    Потрошувачка

    4-5кг/м2 зависно од видот на подлогата.

    Пакување

    Натрон вреќа од 25кг.

    Складирање

    Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

    Рок на употреба

    12 месеци од датата втисната на пакувањето.

  • SPEKTROkol Basic

    Оценето 0 од 5

    Примена

    Еднокомпонентно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви, наменето за пополнување и израмнување на подлоги пред нивно покривање или украсување со градежни производи.

    Подготовка

    SPEKTROkol Basic се користи на температури од +5оС до +35оС. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.

    Вградување

    SPEKTROkol Basic може да се нанесува во слоеви од 3мм до 3см, зависно од нерамнините и оштетувањата на подлогата. Време на обработливост (отворено време) е 4 до 6 часа на 20оС.

    Потрошувачка

    Зависно од нерамнините и оштетувањата на подлогата.

    Пакување

    Натрон вреќа од 25кг.

    Складирање

    Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

    Рок на употреба

    12 месеци од датата втисната на пакувањето.

  • SPEKTROkol Blok

    Оценето 0 од 5

    Примена:

    Бело еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е за ѕидање и израмнување на гас-бетон и останати автоклавни бетонски елементи (Ciporex, Xella, Itong, Silkapor, итн.), како и за лепење на гипс-картон плочи и останати лесни градежни термо материјали на ѕид, под и таван.

    Подготовка:

    SPEKTROkol Blok се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и елементите на кои се нанесува мора да бидат рамни, цврсти, и чисти пред нанесување на лепилото. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвен за користење.

    Вградување:

    SPEKTROkol Blok се нанесува со рамна или назабена глетарица за вградување на гипс-картон и останати лесни термоматеријали на ѕид,под и таван. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROkol Blok се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic. За ѕидање на цигли од гас-бетон се препорачува користење на назабена лопатка за ефективно искористување на подготвената смеса. Потоа споевите помеѓу елементите се пополнуваат и израмнуваат (фугираат) со мистрија или глетарица. Подготвената смеса може да се искористи во рок од 2 до 4 часа на 20оС.

    Потрошувачка:

    2-3кг/м2 зависно од видот на подлогата.

    Пакување

    Натрон вреќа од 25кг.

    Складирање:

    Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

    Рок на употреба:

    12 месеци од датата втисната на пакувањето.

mk_MKMK