SPEKTRO kol Fix
Примена
Бело еднокомпонентно водоотпорно прашкасто градежно лепило на база на цемент, минерални полнила и адитиви. Наменето е, како дел од системи за фасадна или внатрешна термоизолација, за вградување на термоизолациони плочи од екструдиран полистирен (Стиропор), вклучувајќи и тврдопресуван Стиродур и стиропор обогатен со графит, тврдопресувани тервол плочи, и за вградување на пластична армирачка (рабиц) мрежа како подлога за завршниот слој на фасада. Подлогата може да биде од тули, бетон, гас-бетон, малтер итн.
Подготовка
Sprektokol Fix се користи на температури од +5оС до +35оС. Подлогата и елементите за вградување треба да се чисти, суви, цврсти и обезмастени. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1, со остава да одлежи 10 до 20 минути а потоа уште еднаш добро се меша и е подготвено за користење.
Вградување
SPEKTROkol Fix се нанесува со рамна глетарица во дебелина од 2см на рабовите и попречно на две места во средина, на страната од термоизолациониот елемент која ќе биде во контакт со подлогата. Искористете ја подготвената смеса во рок од 4 часа. На крај подготвениот елемент се фиксира на подлогата и се зацврстува со типли за стиропор. Се препорачува користење на VRAT PRIMER Grund ако подлогата е стар/порозен малтер, или VRAT PRIMER Kontakt ако подлогата е бетон. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на SPEKTROkol Fix се препорачува подлогата да се пополни и израмни со SPEKTROkol Basic. Армирачката мрежа се одмотува и се вградува врз слој од SPEKTROkol Fix, кој е претходно нанесен врз слојот од термоизолациони елементи. Потоа се нанесува уште еден слој од смесата врз мрежата. Вториот слој мора да е израмнет и мазен согласно со карактеристиките и потребите за подлога на завршниот (украсен) слој на фасадата.
Потрошувачка
7-10кг/м2 фасада, за вградување термоизолациони елементи и два слоја за вградување армирачка мрежа.
Пакување
Натрон вреќа од 25кг.
Складирање
Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.
Рок на употреба
12 месеци од датата втисната на пакувањето.