VRAT PRIMER Kontakt

Примена

Поврзувачки слој на дисперзна основа и посебни полнила и адитиви, наменет за зголемување на активната површина за контакт на бетонски подлоги со следниот нанесен слој на градежни материјали. Најчесто се користи за премачкување на рамни внатрешни и надворешни бетонски површини пред нанесување на малтер или останати градежни материјали со слични карактеристики.

Подготовка

ВРАТ ПРИМЕР Контакт се користи на температури од +5оС до +35оС. Се  разредува со 10% вода и е подготвен за користење.

Вградување

ВРАТ ПРИМЕР Контакт се нанесува со четка или валјак. Време на сушење пред нанесување на градежни производи врз слојот е 24 часа. Во случај да подлогата е изразито нерамна и/или оштетена, пред нанесување на ВРАТ ПРИМЕР Контакт се препорачува подлогата да се пополни и израмни со СПЕКТРОкол Басиц.

Потрошувачка

0,25-0,35 литри/м2 зависно од впивливоста на подлогата.

Пакување

Пластична канта од 25кг.

Складирање

Во суви и проветрени простории во оригинално пакување на температура од +5оС до +35оС.

Рок на употреба 

12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Share

mk_MKMK