VRATMAL 30

Примена

Бел подобрен фин малтер на база на цемент, полнила и одбрани адитиви, наменет за машинско и рачно покривање на внатрешни (ѕидни и тавански) и надворешни (фасадни) градежни површини како основен и завршен слој. VRATMAL 30 може да се нанесе на градежни површини од обична и клинкерна тула, бетонски блок, елементи од гас бетон, бетонски платна и столбови, стар малтер и останати слични градежни површини. Отпорен е на распукување и свлечување при што е подобен како подлога за нанесување на секакви секундарни и завршни (украсни) слоеви на градежни материјали. Поради фината гранулација и изглед на стар ѕид, што се добива откако ќе се вгради, VRATMAL 30 може да се остави како завршен слој или претпоследен слој при нанесување на дисперзни бои, зависно од вкусот на крајниот корисник. Поради корситење на засилени адитиви во споредба со VRATMAL 10, VRATMAL 30 се смета во категорија на полуабриб и е подобен за репарација на стари градежни површини.

Подготовка и Вградување

VRATMAL 30 се корсити на температури од +5oC до +35oC. Се меша машински или рачно со вода во однос 3:1 и е подготвен за нанесување. При машинско нанесување потрошувачката на вода ке се прилагоди со помош на машината за малтерисување, зависно од густината и конзистентноста на смесата која е подготвена и исфрлена од машината за малтерисување. Смесата при исфрлање треба да лепи на градежни површина. При рачно нанесување се користи метална или пластична глетарица. Ако е потребно да се израмнат и пополнат нерманини или дупки на градежните површини кои се подлабоки од 3см, се преопорачува поради штедливост нерамнината да се пополни со еден или повеќе слоеви  VRATMAL 10 за да се избегне распукување.  Почекајте нанесениот слој да се исуши пред да се нанесе следниот. Препорачуваме најтенок слој од 1см, и најдебел слој од 3см.

Потрошувачка        10-30kg/m2  зависно од видот на градежната површина.

Пакување          Натрон вреќа од 25kg.

Складирање      Во суви и проветрени простории во оргинално пакување на температура +5oC do +35oC.

Рок на употреба     12 месеци од датата втисната на пакувањето.

Share

mk_MKMK