IGM VRATNICA
ИГМ ВРАТНИЦА е еден од водечките производители на бетонски елементи, калциум карбонат пигменти, полнила и гранулати, кој успешно се развива и опстојува повеќе од 50 години. Нашата компанија испорачува широк спектар на производи на клиентите на Балканот, опслужувајќи ги клучните индустрии како што се хартија, бои, пластика, фармација, земјоделство, екологија, градежништво и други.
ИГМ ВРАТНИЦА има и технолошко развиена програма за завршни работи во градежништвото. Портфолиото на компанијата е составено од материјали за завршни работи меѓу кои се и производите за надворешни и внатрешни ѕидови, изолација, хидроизолација и керамика, декоративни материјали, потоа производи за лепење, рачно и машинско малтерисување, како и производи за специјални намени.
ИГМ ВРАТНИЦА е најголем производител на бетонски елементи во државата и преку високо развиен технолошки процес ја користи можноста да се понудат производи со одличен естетски, функционален и ценовен квалитет. Висококвалитетните песоци според потребните критериуми и норми, претставуваат база за производството и развојот на широк асортиман производи на бетонската галантерија во разни форми, димензии и бои .
